АДЕЛ ХОЛДИНГ

АДЕЛ ХОЛДИНГ е група на компании кои што работат во различни бизнис сфери: градежништво, логистика, недвижности, трговија, дистрибуција и маркетинг.

2017-03-15 01:00:00   Корпоративно

Брендот Caffitaly и ЕНЕА Д.о.о започна соработка во поле на дистрибуција за пазарот во Македонија


Секогаш во чекор со потребите на пазарот и за дополнување на искуството на потрошувачите на Капсули за кафе ama®, ЕНЕА за Македонскиот пазар од Март, стана Ексклузивен и единствен дистрибутер на Апарати за кафе со капсула од производителот Caffitaly. 

Договорот предвидува покривање и дистрибуција на Caffitaly производите во Македонија за следните 5 години.

Caffitaly е Италијански бренд кој во светски рамки нуди Апарати за кафе со капсули со највисок квалитет и технолошки развој. Мали апарати за подготовка на кафе од капсула  за домаќинства но и за канцеларии кои дозволуваат едноставна припрема на кафе. 

Во рамките на програмата на производи на овој производител постојат неколку модели на Апарати за кафе: за припрема на еспресо кафе, припрема на капучино, чај и лате кафе. Исто така Caffitaly нуди и интересни и луксузни аксесоари за конзумирање на кафе, кои преку ЕНЕА сега ги има и во нашиот пазар. 

Малите апарати од производителот Caffitaly се разликуваат од другите aпарати кои моментално ги има во нашиот пазар, поради високиот квалитет на опремата, едноставниот начин на користење и подготовка на пијалокот но и за елегантниот изглед на производото кој исклучително се вклопува во модерен ентериер на кујна или канцеларија. 

За повеќе информации посетете ја страната: www.caffitaly.com