АДЕЛ ХОЛДИНГ

АДЕЛ ХОЛДИНГ е група на компании кои што работат во различни бизнис сфери: градежништво, логистика, недвижности, трговија, дистрибуција и маркетинг.

2017-02-10 01:00:00   Производи

ЕНЕА Доо ја превзема дистрибуцијата на брендот ama® за пазарот во Македонија.


ЕНЕА Доо почнувајќи од Февруари 2017 год. стана официјален дистрибутер на Програмата на производи на компанијата Њу Центури Доо – производител на брендот ama®.

Компанијата ЕНЕА Доо и Њу Центури Доо со седиште во Тирана, Албанија потпишаа Договор за дистрибуција, со кој ЕНЕА стана ексклузивен и единствен Дистрибутер на производите на овој производител за пазарот во Македонија.

Њу Центури е еден од најпознатите производители на Кафе во зрно во Балкан од проверени најквалитетни суровини со потекло од Бразил, Јужна Америка, Мексико, Индија и Етиопија. Освен Кафе во зрно во својата Програма на производи нудат и Кафе во капсула (за инстантна подготовка), турско кафе, ладно кафе во лименка и т.н. Како производители на кафе под брендот ama® функционираат веќе 30 години, и нивните производи се дистрибуираат во повеќе од 19 земји ширум светот.

ama®Caffe е наменета за широка потрошувачка, и за потенцијалите во Македонија ќе се погрижи ЕНЕА со своите дистрибуциски канали.

За интегрирање на Продажниот тим на ЕНЕА со новата соработка и со брендот ama®Caffe, се организираше средба за хомогенилазија и вмрежување каде при меѓусебно запознавање помеѓу тимовите на двете компании, се разменуваа искуства и очекувања, како и поставување на нови цели за што поуспешен развој на овој бренд во нашите територии.