АДЕЛ ХОЛДИНГ

АДЕЛ ХОЛДИНГ е група на компании кои што работат во различни бизнис сфери: градежништво, логистика, недвижности, трговија, дистрибуција и маркетинг.

2018-07-10 12:07:24   Производи

Преку ЕНЕА поблиску до врвните италијански прехранбени производи – Од неодамна во Портфолиото на производи на ЕНЕА и Италијанскиот производ YOGA Овошни сокови.


Менаџментот на Conserve Italia ја избра ЕНЕА Д.О.О како свој Стратешки Партнер за Екслузивна дистрибуција на нивниот бренд ЈОГА – Овошни сокови во Македонскиот пазар. 

Conserve Italia e формално основана во 1976 година. Компаниите дел од Групацијата  на се координирани стратешки и оперативно од седиштето во Болоња   - Италија на сите нивоа на Тргување, И.Т. и Логистика. Главните дејности се Производство и продажба на овошни сокови, нектари, овошни пијалоци, конзервиран зеленчук и овошје. Потрошувачите и клиентите се запознаени со високиот квалитет на производите на Conserve Italia благодарение на престижните брендови  како: Valfrutta, Cirio, Yoga, Derby Blue и Juver. 

Со оваа соработка ЕНЕА успеа да ја збогати својата понуда кон своите клиенти во ХоРеКа каналот, но од друга страна  отвори нови можности за Развој на својата дејност со производи наменети за маркет програма во PET амбалажа. 

За повеќе информации посетете ја страната: https://www.succhiyoga.it/en/